Женската ракометна репрезнтација на Русија го освои третото место на ракометниот Мундијал во Јапонија, во малото финале „зборнаја“ запиша победа над Норвешка со 33-28.

За Русија, која е најтрофејна земја во женскиот ракомет со четири шампионски титули, за  прв пат освои бронзен медал во историјата. Вјакирева со осум гола беше најзаслужна за триумфот на Русија.

Норвешка која во 2017 година играше во финалето на овој планетарен собир на најдобрите во женскиот репрезентативен ракомет останува без медал.