Интересот за ракометната СЕХА-лига секоја година е се поголем, како и бројот на земјите заинтересирани за настап.

Оваа сезона првпат ќе настапат 12 екипи поделени во две групи, а нови екипи во лигата се клубовите од Украина и од Кина, додека за одбележување е и враќањето на тимовите од Унгарија, Веспрем и Татабања.

Веќе за следната сезона своја кандидатура истакнува и Русија, која наводно ќе бара едно до две места во лигата. Таков заклучок се стекнува од изјавата на претседателот на руската ракометна федерација, Сергеј Шишкарев, за рускиот ракометен портал „Брз Центар“:

“За мене тоа е позитивна идеја и тоа може да биде важно за секој руски клуб. Проблем е што учеството во таков проект, поради тешката логистика, е поврзано со сериозни финансиски трошоци. Но, според мое мислење, во лигата, чиј генерален спонзор е рускиот Гаспром, мора да учествува најмалку еден руски клуб. Особено од следната година, кога формата на Лигата на шампионите ќе се промени. Очигледно, таму нема да има место за руски клуб и ќе треба да бараме нов формат за редовни дерби-средби кои ќе помогнат да се крене нивото на рускиот клупски ракомет, достојно за враќање на европскиот врв. СЕХА лигата, со силни и реномирани учесници, со овој квалитет е совршена за нас“, вели Шишкарев.