Сергеј Самсоненко за Фокус изјави дека сите долгови кон ракометарите ќе бидат исплатени.

Русинот потврдил дека се должат плати, но се ќе биде исплатено, изјави Самсоненко.

„Јас ја превземам обврската да ги исплатам сите долгови на сите ракометари во оваа 2020-та година. Од државата добивме спортски ваучери како и секој клуб регистриран и освен тоа, Вардар не доби ништо повеќе“, порача Самсоненко за Фокус.

За изјавата на Дарко Панчев дека ракометот е „мал“ спорт, Самсоненко порача.

„Изјавата на Дарко Панчев не ја имам прочитано и сметам дека јас не сум тој кој што би требал да ја коментира. За ова би требало да се обратите кај него“, изјави Русинот.