Норвежанецот Сандер Сагосен на денешната средба со селекцијата на Хрватска постигна 10 гола и се зацврсти на листата на стрелците. Сагосен сега има 61 постигнат гол, со што го израмни рекордот на европските првенства, кој досега беше во посед на нашиот капитен Кире Лазаров.

Но, Сагосен има да одигра уште еден натпревар, па за очекување е дека и ќе го надмине рекордот на Кире.

Но, Сагосен и доколку го сруши овој рекорд треба да се напомене дека тоа ќе го направи играјки поголем број натпревари за разлика од Лазаров.