Македонската сениорска репрезентативка, Сара Ристовска во новата натпреварувачка година ќе игра за руска ЦСКА Москва.

По една сезона мината во редовите на словенечки Крим, Ристовска одлучи кариерата да ја продолжи во Москва. Според информациите од Русија, ЦСКА Москва има сериозно амбициозен проект за следните три сезони.

Ристовска е третата ракометарка која беше промовирана како ново засилување заедно со бразилката Чана Масон и со швеѓанката Сабине Јакобсен.