Македонската јуниорска ракометна репрезентација со пораз и тесна победа по првите два меча на Мундијалот во Скопје поттикна многу комнетари во спортската и пред се ракометна јавност.

Оперативниот менаџер во РК Вардар, Марко Савовски, за Дриблинг ја анлизира  моменталната ситуација по првите две кола на шампионатот.

Спред Савовски, генерацијата е одлична и тоа е најдборто од Македонија во оваа возрасна категорија, тој смета дека селекторот си ја знае работата и додава:

„Зачудува фактот што е одигран само еден пријателски натпревар против Чиле во подготвителниот период, требаше да има повеќе натпревари каде ќе отстранеа грешките  и проблемите кои се видливи на овој Мундијал,  тоа е  слабата реализација  во второто полувреме и неефикасност. Против Аргентина бевме неефикасни во второто полувреме,  примиме 34 гола од Нигерија што е навистина чудно“ – изјави Савовски.

Оперативниот менаџер на РК Вардар, смета дека сме требале да одбереме посилни противници на ждрепката на која сами избиравме група.

„Вториот проблем е што ние влеговме во група во која ние биравме противници, кои се послаби според рејтингот освен Данска со цел да влеземе во осминафиналето, мислам дека тоа е погрешен пристап“ – смета Савовски

 

Савовски додава дека секогаш прстот се вперува во селкторот, тоа не е добро, Данило Брестовац си ја знае работата, кој и да беше на негово место ќе му се случеше истиот проблем.

„Секогаш  селекторот е виновен, така сите реагираат, било кој да е селектор ќе му се случеше истото на овој Мундијал, вчера играше и женската репрезентација во Б-двизијата , загубивме од Полска со 14 разлика, тоа е потенцирам Б натпреварување. Проблемот е што нашиот систем на работа со млади категории на играчи  не функционира, треба да седнеме сите инволвирани во ракометот на било каков начин и отворено да разговараме  па и да се скараме , но без отворен разговор  и решавања на проблемите ќе ни се случуваат вакви ситуации тешко да победуваме селекции од типот на Нигерија“ – потенцира Савовски.