Во Куќата на ракометот беа извлечени двојките за полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија, а она што е интересно е што се отвора патот најсилините тимови во земјава да играат во финалето, односно во полуфиналето се избегнаа Вардар и Еурофарм Пелситер.

Тие два тима ја водат и битката за титулата во домашното првенство, но јасно е дека по големата победа на домашен терен, Вардар е многу поблиску до шампионскиот трофеј во првенството. Претпоставките се дека и двата тима ќе ги оправдаат фаворитските улоги, па ќе имаат уште еден дуел за трофеј, оној во Купот.

Еурофарм Пелистер го доби на хартија најслабиот и најпосакуван против, а тоа Бутел. Вардар пак во полуфиналето ќе игра со својот голем ривал Металург, кој веќе не тимот што беше, па јасно е дека двократниот европски првак е апсолутен фаворит.

Полуфиналните натпревари во Купот ќе се одиграат на 14-ти мај, а два дена подоцна ќе се игра финалето.