Во тимот на Рајн Некар Левен има вистинска епидемија со заразени од КОВИД-19.

Од овој вирус се заболени, По Мадс Менса Ларсен, Јаник Колбахер, Гедеон Гвардиола, Михаел Апелгрин, Патрик Грецки, како и тренерот Мартин Швалб, а последен во таа низа е  шведскиот репрезентативец Јеспер Нилсен, кој се наоѓа во домашен карантин.

„Имав главоболки и болки во мускулите, но потоа се чувствував добро. Како и да е, да бидеш дома е многу досадно. Едвај го чекам денот повторно да излезам надвор“-изјави Нилсен.