Ракометарите на Еурофарм Работник по двата несреќни порази во Лигата на шампионите вечерва од 20-45 часот се среќаваат со Металопластика во СЕХА лигата.

Битолчани веќе имаат една победа над  Спартак Москва а сега сакаат и втора во второто коло, гостува добро познатиот Веселин Вујовиќ со Металопластика.

„Ривалот е млада екипа која е предводена од искусен тренер, Веселин Вуковиќ. Досегашните нивни резултати против Бешикташ и ППД Загреб покажаа дека се во добра форма. Ни следи интересен натпревар, ние како домаќини сме фаворити, но нема да биде лесно се надевам дека ќе ја извојуваме втората победа во СЕХА лигата“ – изјави Стевче Алушевски.

Натпреварот во Битола се игра од 20-45 часот во салата ,,Боро Чурлески“ .