Еурофарм Пелистер со згуснат распоред, следува настап во СЕХА лигата, попладнево и гостува на Металопластика во регионалната лига.

Тренерот Жељко Бабиќ смета дека е ова поинаква ситуација, дуелот со Металопластика е важен за екипата од Битола која сака да стигне до третата победа сезонава во СЕХА.

Битолчани имаат желба да го победат стариот ривал, во најавата на СЕХА, овој дуел го доби епитетот „Југо ривалите“ се среќаваат во Зорка.

Во составот на Еурофарм Пелистер ќе го нема повредениот Кушан, а се врати Маџовски.

Дуелот меѓу Металопластика и Еурофарм Пелистер се игра вечева од 17 часот.