Еурофарм Работник е одличен во СЕХА,  има две победи од две средби, тимот од Унгарија е фаворит, Веспрем има три од три во регионалното натпреварување.

Двете екипи немаат победа во Лигата на шампионите, ова е натпревар за порпавање на впечатокот по слабиот резултатски ефект во елитното натпреварување.

Тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушевски со респект кон противникот го најавува натпреварот вечерва.

„Гостувањето на Веспрем во Битола е празник на ракометот. Европскиот вицешампион преполн со звезди доаѓа во нашиот град и тоа е посебен настан. Ако ракометот се играше по име и буџет, Веспрем не ни треба да доаѓа во Битола – знаеме дека се посилни од нас. Но, на терен можеме да се надеваме. Ние од вчера ги започнавме подготовките за овој натпревар и трениравме во Шпанија. Сите ракометари освен Никола Маркоски се здрави и мотивирани. Ќе дадеме максимум, што е во наша моќ да бидеме достоен репрезент на македонскиот ракомет“, рече Алушовски.

Средбата, Еурофарм Работник – Веспрем, се игра од 17-15 часот.