Нема одмор за ракометарите на Еурофарм Работник, денеска отпатуваа за Брест каде утре се среќаваат со Мешков во СЕХА лигата.

Стевче Алушевски нема да може да смета на Невен Стјепановиќ кој поради повреда ќе го пропушти овој натпревар.

Битолчани во групата Б се на второто место зад Веспрем, имаат три победи и еден пораз и се надеват на нови бодови од ова гостување.

Средбата меѓу Мешков Брест и Еурофарм Работник ќе се одигра утре со почеток од 17 часот.