Вардар без проблеми на гостувањето кај Татран Прешов, запиша нова победа во СЕХА лигата, славеше со 29-22 во уште еден супериорен меч.

Европскиот, македонскиот и регионален првак, првиот дел го доби со 10-8, се играше израмнето, во вториот дел Вардар одигра супериорно, имаше предност од 10 голови, 23-13, за на крај да запише победа со седум разлика.

Тимур Дибиров постигна пет гола, Горбок и Шишкарев мечот го завршија со по четири голови.