Вардар нема време за одмор, турбо ритам за „црврено-црните“, следува меч со Нексе во СЕХА лигата, натпреварот се игра вечерва од 20,45 часот, СЦ „Јане Сандански”.

Традицијата во меѓусебните дуели на Вардар и Нексе е на страна на скопскиот тим. На сите досегашни мечеви одиграни во Скопје од 2013 година па досега победувал Вардар.

На сите 12 средби досега само двапати победувал хрватскиот вицепрвак. Последен пат во март годинава кога Вардар ги одигра последните кола по релаксирано откако веќе беше пласиран на Ф4 турнирот и загарантирано му беше првото место.

Во новата сезона Нексе двапати беше поразен, во првото коло од Војводина, а потоа и на домашен терен од Татран.