Ракометарите на Вардар со победа од 8 разлика ја реши Металопластика која се покажа како незгоден противник, но на крајот црвено-црните се радуваа на победа со убедливи 39-31 во СЕХА конкуренцијата, натпревар од осминафинале.

Металопластика се покажа како незгоден противник, водеше со четири голови предност во неколку наврати во првиот дел, но Вардар сепак го доби првото полувреме со 19-14.

Вардар во второто полувреме одигра стандардно и стигна до победа изразена со 8 разлика во која се истакнаа Јотиќ со десет гола, додека Дибиров постигна седум погодоци.

Реваншот меѓу Металопластика и Вардар се игра утре со почеток од 16 часот исто така во Скопје.