Ракометарите на Вардар немаат време за одмор, по обврските во ЕХФ Лигата на шампионите, продолжува со настапи во СЕХА, гостува кај Војводина со фаворитска улога.

Вардар во групата има 6 победи и еден пораз, важи за фаворит протв Војводина но прашање колку поразот од Веспрем, заморот и отсуството на повредените играчи ќе влија на средбата вечерва.

Војводина е со ефект 4 победи и 3 нерешени средби. Натпреварот меѓу Војводина и Вардар започнува од 20-45 часот.