Вардар вечерва од  20,45 ч. во СЦ „Јане Сандански” ја започнува одбраната на титулата во регионалното натпреварување, прва пречка е Пекинг СУ.

Регионалниот шампион влегува во новата, 9-та сезона со цел да ја обрани титулата. Вардар ќе игра против дебитантот Пекинг Спортски Универзитет, во сезона во која ќе има вкупно 12 екипи поделени во две групи.

Вардар се врати од Супер Глоуб каде го освои третото место и сега го очекува почетокот на новата сезона во СЕХА Газпром лигата и ЕХФ лигата на шампионите. Новиот тренер,Давид Писонеро е среќен што овој меч се игра во Скопје, Вардар смета тој, треба да ја поправи играта.

„Не сум задоволен од сите резултатите досега. Мојата цел е секогаш кога ќе излеземе на терен да победуваме. Иако победата е најважна ова досега беа подготвки. Супер Глоуб е повеќе од обични подготовки, а можам да бидам задоволен од првото полувреме против Кил. За мене е многу важно да играме добро и како влегуваме во натпреварите. Од тоа можеме да сме задоволни”, рече Писонеро.