Селекторот на женската сениорска репрезентација Љубомир Савевски го објави поширокиот список на ракометарки за претстојните натпревари со репрезентацијата на Црна Гора во рамки на ЕХФ неделата за EHF EURO CUP 2022.

За време на ЕХФ неделата сениорките ќе одираат два натпревари против селекцијата на Црна Гора од EHF EURO CUP 2022. Првиот натпревар сениорките ќе го одираат во Скопје на 07.10.2021 (четврток) во СЦ “Борис Трајковски” во 20:15 часот, а потоа на гости против Црна Гора на 10.10.2021 (недела).

На EHF EURO CUP 2022 ќе настапат репрезентациите на Македонија, Црна Гора, Словенија кои се организатори на WOMEN’S EHF EURO 2022, и репрезентацијата на Норвешка која е освојувач на WOMEN’S EHF EURO 2020.