Репрезентацијата на Фарските Острови направи сензација совладувајќи ја Чешка во 0квалификацискиот меч за Европското првенство (27-26) и запиша историски триумф.

Фарските Острови немаа победа во ниту едни главни квалификации, па за нив ова е прв таков голем успех. Ракометарите и публиката бурно ја прославија победата над големиот фаворит Чешка која со години е учесник на големите натпреварувања.

Олсен даде пет гола за победникот, исто колку и Елефсен, а Јојиќ заврши со четири, додека кај Чесите, залудни беа деветте гола на Клима.

Чешка сега во последното коло игра директен дуел за второто место со Украина.