Неизвесноста околу опстанокот на вардаровото семејство останува главно прашање во спорските кругови во земјава но и пошироко.

Откако Чупиќ потврди дека ракометарите имале состанок со Сергеј Самсоненко и со поранешниот сопственик на РК Вардар, Михајловски на кој им било кажано дека повеќе детали околу евентуалното подмирување на долговите ќе има до крајот на месецов, медиумите од Русија тврдат дека моменталниот газда на Вардарци ветил дека ракометарите и останатите вработени ќе бидат исплатени до крајот на мај.

Со ова се пролонгира дополнително разврската во црвено-црниот колектов откако предходно беше најавено дека до крајот на јануари, најдоцна до крајот на февруари се ќе биде кристализирано.

Ракометарите на Вардар денеска опатуваа за Португалија каде во сабота ќе му гостуваат на Порто во натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите на ЕХФ.