Данил Шишкарев очекува рестартирање на ракометот во Унгарија и деби во дресот на Веспрем. Довчерашниот играч на Вардар во паузата поради Ковид-19 во изјава за „Брз Центар“ потврди дека очекува исплата од Скопје но сеуште не знае кога тоа ќе се случи.

„Ни беа доставени документи заверени на нотар, со кои ни беше најавено дека долговите кон играчите ќе видат подмирени до крајот на годинава. Тоа е крајниот рок, но реално се надеваме дека исплатата ќе се случи порано. Не сум повеќе играч на Вардар и не знам што се случува таму, ако Ве интересира прашајте ги Дибиров, Калараш, Горбок, тие сакаа да останат.“ – изјави Шишкарев.

Михајло Михајловски, наскоро треба да го преземе РК Вардар од Самсоненко а според последните најави, финансиското порамнување ќе се случи до крајот на овој месец.