Попранешниот ракометар на Вардар, Данил Шишкарев во изјава за унгарските медиуми се наврати на шесте години минати во Скопје, проблемите но и и двете титули во ЛШ со црвено-црните.

„Имаше тешки времиња, не добивавме плата долго време, немавме никакво решение но во двете финалиња од ЛШ не водеа срцето, честа и страста. Минатата година во Клен победивме затоа што повеќе ја посакувавме титулата и не чувствувавме притисок. Успеавме се да оставиме дома и да се фокусирами само на предизвикот.“ – изјави Шишкарев.

Десното крило сега игра за Веспрем а во декември одново ќе биде дел од завршниот турнир во ЛШ на ЕХФ.