За првпат во меѓусебните дуели меѓу Вардар и Кјелце натпревар заврши без победник. Двете екипи освоија бод откако дуелот заврши со реми, 28-28.

Данил Шишкарев е задоволен од освоениот бод, смета дека до него дошле со помош на публиката.

„Против Кјелце секогаш играме тешки средби. И ние и Кјелце покажавме голем карактер дека до крај играме на победа. Ова беше тешко второ полувреме за нас бидејќи после три гола негатива успеавме да се вратиме. И благодарам на публиката која не држеше во игра и не остави во можност. Имавме шанса и за победа, но се случи што се случи, изјави Даниил Шишкарев.