Варда денес му гостува на Веспрем во натпреварот од Лигата на шампионите, а домаќините се исклучително претпазливи и со почит кон противникот.

Расмус Лауге Шмид во изјава за клупскиот сајт го спореди Вардар со рането животно, кое во таква ситуација е и најопасно.

„Вардар минатиот викенд имаше лош натпревар, тие загубија убедливо од Кил. Најопасното животно е она кое е рането. Ние треба да ја завршиме нашата работа добро и со ист интензитет. Мора да направиме што помалку грешки како што направивме против Порто и мислам дека имаме големи шанси за победа во сабота“. – вели Шмид.

Натпреварот е со почеток во 17:30 часот.