Поранешниот ракометен репрезентативец, Тони Шопов се огласи по најавата дека РФМ ќе му донира 5000 евра, во обидот да обезбеди доволно пари за да може да замине на лекување во Турција.

Велешанецот се огласи на социјални мрежи си порака до РФМ и Мукаетов.

„Почитуван господин Мукаетов и почитувани членови на управниот одбор на РФМ. Чувствувам должност да Ви се заблагодарам за неизмерната поддршка и финансиска помош. Во овие моменти навистина сум изненаден колку човечноста се уште постои во сите нас, ова ми дава сила и храброст да продолжам понатаму.“ – напиша Тони Шопов.