Шпанија успеа да ја одбрани титулата, откако во финалето да ја совлада Хрватска со резултат 22:20 (12:11).

Вистинско финале во кој ги видовме двете непоразени селекции, судир меѓу најдобрата одбрана на првенството, хрватската, и најдобриот напад, шпанскиот.

Возбудливо до последната минута, неизвесно до последниот шут.

Хрватска подобро го отвори натпреварот и во текот на целото прво полувреме имаше предност, која ја загуби со влегувањето на неверојатниот Гонзало Перез де Варгас, кој сам го сврти резултатот и ја однесе својата селекција со минимална предност на одмор.

Во вториот дел се случи шпанска офанзива што резултираше со нивна предност од максимални 4 гола, 16:12, но, кога се чинеше дека се е готово, Хрватска на чудесен начин се врати, а ја врати и резултатската предност. Шпанија успеа во финишот да поведе со два гола разлика, а грешката во чекори на Карачиќ значеше и крај за амбициите на Хрватска.

Хрватска и Лино Червар и натаму се без злато од европските натпреварувања.

Шпанија – Хрватска  22:20 (12:11)