Еден од најдобрите голмани во историјата на ракометот и легенда на Вардар,  Арпад Штербик, на крајот оваа сезона заминува во пензија.

Штербик откако си замина од македонскиот и европски првак потпиша договор на две години со унгарскиот гигант Веспрем. Покрај за Вардар и Веспрем, Штербик во својата кариера настапуваше и за Барселона и Сиудад Реал.

Замена за Штербик, веројатно ќе биде Родриго Коралес, кој по три години го напушта ПСЖ, а негов колега на голмсанската позиција во унгарскиот великан ќе биде Владимир Цупара.