Арпад Штербик ја заврши професионалната кариера, голманот на репрезентацијата на Шпанија говореше за клупскиот сајт на Веспрем, неговиот последен клуб.
Шпанскиот репрезентативец говореше за најубавите моменти во кариерата но и за најлошиот, го спомна Вардар, му тежи на срцето еден пораз во Лигата на шампионите.
„Најсветол спомен од кариерата во дресот на Веспрем е финалето на Лигата на шампионите од сезоната 2001/02, кога игравме против Магедбург од Германија. Најлош момент ми е поразот лани во финалето од Вардар, тој пораз се уште ме боли“ – изјави Штербик.
Штербик во кариерата играше за Југовиќ, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Вардар, кариерата ја завршу во Веспрем.
Comments are closed for this post.