Македонската машка сениорска репрезентација во второто коло од квалификациите за пласман на ЕП 2022 на 7 ноември ќе и гостува на Швајцарија во Цуг.

Најавите дека на трибините ќе има навивачи сепак нема да се остварат. Швајцарците пуштија во продажба 3800 билети но поради зголемиот број на заразени со Ковид-19, властите одлучија натпреварите да се играат без публика.

Поради есенскиот бран и зголемувањето на интензитетот на пандемијата, веќе се одложени голем број на мечеви во ЕХФ натпреварувањата а нема да биде изненадување ако поради Ковид-19 бидат одложени и дел од пресметките на репрезентациите кои се закажани во следниот период.