Шведска ни покажа како треба против Чиле, селекцијата на „трите круни“ со 41-26 го понижи нашиот последен противник во групната фаза на Мундијалот во Египет.

Најефикасни кај Шведска беа Пелас со 12 гола, додека Сандел учествуваше со шест, во составот на  Чиле, Фојхтман постигна седум, додека Салинас мечот го заврши  со шест гола.

Чиле е последен противник на Македонија, како и нашиот национален тим и тие омаат два убедливи порази на Мундијалот во Египет.