Македонија со пораз на гости ги започна квалификациите за ЕП во 2020 година, загуби од Шведска со 35-26, на полувреме нашиот национален тим имаше негатива од седум голови, 20-13.

Шведска ја оправда фаворитската улога на овој натпревар, водеше во текот на целиот меч и заслужено запиша почетна победа.

Македонија само во првиот дел имаше неколку израмнувања и по првото водство на Шведска со два разлика нашите репрезентативки беа во постојана негатива.

Најефикасни на мечот за Македнија беа Ристовска со пет  голови, по четири погодоци постигнаа Стојановска и Лавриниќ.

Следно за Македонија е мечот со Чешка во Скопје за два дена.