Женската ракометна екипа на Вардар во новата сезона ќе има нов тренер откако стана јасно дека нема да дојде до продолжување на соработката со Симе Симовски.

Тренерот кој е и селектор женската ракометна репрезентација на Македонија си заминува од клубот во кој беше во последните пет години.

„Нема да ја продолжиме соработката. Поминав пет убави години во Вардар. Соработувавме одлично, имав прекрасни услови за работа, но во моментов ми е потребен нов предизвик и заминувам. Во моментов нема ништо конкретно околу нов ангажман, но сигурно ќе има нешто во брзо време“, изјави Симовски за спортскиот портал 24 Ракомет.

Со заминувањето на Симовски тренерската позиција во Вардар останува испразнета, а сигурно во брзо време ќе биде познато кој ќе ги води младите ракометарки.