Македонската женска ракометна репрезентација загуби со осум разлика во денешниот дуел со Чешка во „Борис Трајковски“ но селекторот Симе Симовски уверува дека ова е цената која мора да се плати за во иднина да имаме многу посилен тим и подобри резултати.

„Триумфот на Чешка е заслужен но крајниот резултат не е мерило. Работевме за овој натпревар, ја подмладивме репрезентацијата и погледите се насочени кон друг проект кој ќе следува во следните неколку години. Игравме дисциплинирано 40 минути а потоа направиме неколку грешки во нападот и противникот тоа го казни. Имавме проблеми со нивната одбрана но од сето ова треба да извлечеме поука и да излеземе како победници во вакви и слични ситуации.“ – изјави селекторот Симовски.

Македонија следниот предизвик во Евроквалифиакциите ќе ги има во март 2020 година на теренот на Португалија.