Познати се сите групи за претстојното ЕУРО во Словачка и Унгарија, Македонија ќе игра во групата А со актуелниот светски првак Данска која беше наш противник во квалификациите, потоа одличната Словенија и Црна Гора.

Данска е голем фаворит за првата позиција во Дебрецин, Словенија има одличен тим, двете првопласирани селекции одат во главната фаза.

Титулата ја брани Шпанија која во финалето ја совлада Хрватска, оваа селекција ќе игра во силната група Ц во Сегедин, со Србија, Франција и Украина.

ГРУПА А (Дебрецин): Словенија, Данска, МАКЕДОНИЈА, Црна Гора.

ГРУПА Б (Будимпешта): Португалија, Унгарија, Исланд, Холандија.

ГРУПА Ц (Сегедин): Хрватска, Србија, Франција, Украина.

ГРУПА Д (Братислава): Германија, Австрија, Белорусија, Полска.

ГРУПА Е (Братислава): Шпанија, Шведска, Чешка, БиХ.

ГРУПА Ф (Кошице): Норвешка,  Русија, Словачка, Литванија