Вардар се соочи сезонава со големи проблеми во смисла на повредени ракометари и финансиска криза поради која го напуштија голем број на ракометари.

Централниот бек на „црвено-црните“ Сташ Скубе во интервју за ВЕЛУКС ЕХФ Лигата на шампионите се осврна на сезоната на Вардар, кој по групната фаза заврши на шестото место во групата Б и во осминафиналето ќе се соочи со Пик Сегед.

„Мислам дека оваа сезона е најтрофејната во историјата на клубот. Започнавме одлично со три победи и потоа се случија многу работи – промена на тренери, финансиски проблеми и заминување на ракометарите.  Имајќи ги предвид сите горенаведени фактори, овој резултат е за жал реален “, вели центарот на Вардар, Стас Скубе.

Стевче Алушовски е новиот предводник на  Вардар, а пристигна во јануари, месец во кој европскиот првак остана без Даинис Кристопанс, Павел Атман и Калифа Гадабан.

„Стевче е супер личност и тренер и сака да го извлече максимумот од нас. Ова е голем предизвик за него и за нас. Тој разговара со нас секој ден и се обидува да не мотивира што е можно повеќе “, дополни Скубе.