Словенија во рамки на ЕХФ неделата ќе одигра два меча со Холандија и Србија, селекторот на „змајчеки“, Веселин Вујовиќ не го повика Сташ Скубе во составот.

Скубе е еден од најдобрите играчи на Вардар на стартот од сезоната во Лигата на шампионите, сепак не е доволно добар за да биде повикан во националниот тим на Словенија.

Вујовиќ не се реши да го повика Скубе за натпреварите на 25 октомври против Холандија, и два дена подоцна против Србија во Марибор, неговото објаснување беше дека играчот на Вардар не трпи конкуренција, но има и подобри од него во составот на „змајчеки“.

„Да бидам искрен не го планирам за Европското првенство, па затоа не сакав да го повикам ниту на овој собир“ – изјави Вујовиќ.