Словенецот Сташ Скубе во својот прв официјален меч во дресот на Мешков брест ќе се соочи со клубот од каде премина во Белорусија и во пресрет на утрешното соочување со Вардар повика на претпазливост.

„Вардар има многу нови ракометари и затоа се уште е рано да се носат ккави и да е заклучоци. Кога јас пристигнав во Скопје, ние редовно губевме на пријателските натпревари, за на крајот да станеме европски прваци“, изјави екс вардарецот Скубе.

„Овој Вардар сега нема многу увезди какви што имаше порано, но јас убеден дека ќе биде незгоден противник за секој тим во оваа сезона“, додаде Скубе.