Трета сезона во ЕХФ лигата на шампионите во првото коло Варар игра против Француски Монпелје. Досега двапати европскиот првак се враќаше со цел плен од Монпелје, а потоа на крајот стигнувавме и во Ф4 турнирот во Келн. И повторно првото коло во групната фаза ќе биде дуел на два тима што имаа во своите витрини европски титули. Вардар беше европски првак во 207 и 2019 година, а Монпелје во 2018 година, а претходно има уште еден трофеј од 2003 година.

Во меѓусебните пресметки на Вардар и Монпелје во последните пет години поуспешни се „црвено-црните”. на Седум натпревари, петпати победувал Вардар, еден меч завршил со реми а единствениот пораз го имаме од Французите на Ф4 турнирот во Келн во сезоната 2017/2018.
Минатата сезона овие два тима играа двапати, исто така сезоната ја почнавме во Франција каде триумфиравме со 27-24, а во Скопје Вардар славеше со 33-27.

„Сезонава екипата малку се промени, а имаме и некои проблеми со повреди, но ние сме сѐ уште Вардар. Многу од играчите кои во јуни ја освоија титулата сѐ уште се тука. На првиот натпревар сме кај Монпелје, мислам дека добро се подготвивме и тактички и физички и одиме во вистинска борба. Не очекува тежок натпревар, можеби гол – два ќе биде разликата. Но, што се однесува да ја одбраниме титулата веројантно не сме фаворити, но во последените 6-7 години никогаш фаворитот не ја освоил титулата, што мислам нас ни одговара улогата да напаѓаме од позадина. Ќе одиме натпревар по натпревар, ќе биде долга сезоната и тешко е сега да се каже како ќе биде, но имам доверба во ирачите и мислам дека не очекува убава година во однос на вардаровиот резултат“- вели Сташ Скубе.

Ова е 13-та сезона како Вардар игра во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите досега Вардар има одиграно 142 натпревари, и на 69 натпревари  Вардар се радувал на победата.