Ракометната академија Вардар годинава по шести пат го организира традиционалниот турнир „Еден живот, една љубов”. На овој турнир младите таленти ги развиваат ракометните вештини. Турнирот годинава ќе се игра во два викенда, и тоа викендите 5 – 6 октомври и 19 – 20 октомври.

Првиот викенд е резервиран за момчињата и девојките од генерацијата 2006/07. На теренот ги очекуваме екипите на Урдаревски Вардар, Ангели Вардар, Филип Вардар, Будимир Вардар, Бисинов Вардар и Балтепе Вардар во машка конкуренција. Како и екипите на Будимир 1 Вардар, Будимир 2 Вардар, Драчево Вардар, Делчево Вардар и Седмерец Вардар во женска конкуренција. Првиот ден, 5 октомври, екипите ќе се натпреваруваат во групи, а вториот ден се разигрува за пласман.

Викендот 19 – 20 октомври ќе се одигра турнирот за генерациите 2008/09 и за децата родени 2010 година и помали кои се натпреваруваат во мини – ракомет.