Пред средбата со Вардар во рамките на 12. коло на групната фаза на Лигата на шампионите, украинскиот шампион Мотор Запорожје на својата интернет страница извести дека во Скопје ќе допатува ослабен, без двајца стандардни ракометари.

Во Скопје нема да допатуваат голманот Виктор Киреев и крилото Игор Сорока. Двајцата се подготвуваат да заминат во московски Спартак, кој пред десетина дена веќе му зеде на Мотор двајца други ракометари – Станислав Жуков и Денер Јанима.

Да потсетиме, од пред два дена член на Спартак стана и ракометарот на Вардар Павел Атман.

На местото на Киреев во Скопје ќе допатува младиот голман Михаил Будко, кој ќе дебитира во Лигата на шмпионите. На местото на Сорока ќе настапи Александар Касај.

Средбата меѓу Вардар и Мотор Запорожје ќе се одигра во СЦ “Јане Сандански”, в сабота, со почеток од 17:30 часот.