Репрезентацијата на Словенија ја заврши главната фаза со својот втор пораз на ЕП 2020, овој пат од неверојатната Норвешка, која остана единствена на првенството со 100 % освоени бодови.

Словенија беше рамноправна во првиот дел, ама потклекна во второто полувреме во кое растрчаните Норвежани дојдоа и до 6 голови разлика. Откако селекторот на Норвешка седна на клупата дел од најдобрата постава, Словенците дојдоа до шанса да го намалат резултатот, но не и да го избегнат поразот.

Словенците сепак патуваат во полуфинале, благодарејќи им на Португалците кои ја совладаа Унгарија.

Норвешка – Словенија  33:30 (14:13)