Само ден по шокантниот пораз во Шабац, Веспрем одигра нова гостинска средба, со многу посериозен противник, и го совлада Загреб со резултат 26:23 (13:13).

Двете екипи силно ја посакуваа победата и затоа одиграа крајно рамноправен натпревар. Веспрем и Загреб постојано се менуваа во водството, а во текот на 50 минути, само унгарскиот шампион успеа да направи предност од два гола.

Ситуацијата се избистри во последните минути, кога Веспрем за прв пат поведе со три гола и веќе немаше време за пресврт.

Кај победникот, Јахја Омар и Вуко Борозан постигнаа по 5 гола, додека нашиот Дејан Манасков погоди трипати.

Утре во СЕХА-лигата ќе настапат и и нашите претставници. Вардар ќе и гостува на екипата на Нексе, додека Еурофарм Работник ќе одигра натпревар против Спартак во Москва.