Македонскиот репрезентативен пикер, Жарко Пешевски беше најдобриот ракометар на Штудгард во ремито против Минден 24:24 во Бундес лигата. Пешевски натпреварот го заврши со шест голови од шест обиди.

Солиден настап во дресот на Балинген имаше Филип Талески. Неговиот нов клуб победи го победи Мелсунген со 36:23, Талески постигна шест гола од десет обиди.

Нашиот поранешен репрезентативец, Филип Миркуловски имаше разочаркувачки ден со Вецлар. Миркуловски постигна само еден гол во пресметката која ја доби Бергишер со 33:30.