На ракометниот Мундијал во Египет денеска се играат четвртфиналните натпревари, шампионот Данска, од 17.30 часот ќе игра против домаќинот Египет.

Три средби се закажани за вечерниот термин, од 20-30 часот,  Шпанија-Норвешка, Шведска-Катар и Франција-Унгарија.

Македонската ракометна репрезентација ги заврши настапите, но имаме свои претставници во оваа рунда од Мундијалот, судиите Начевски и Николов ќе ја делат правдата на дуелот Шпанија -Норвешка.