Македонската машка ракометна репрезентација во подмладен состав ќе настапи на Мундијалот во Египет, наш прв противник е Шведска која на хартија важи за фаворит на овој дуел.
Селектрот Данило Брестовац на Мундијалот ќе игра со многу нови млади играчи, процесот на подмладување е во тек, повикот кој го добивме како прва резерва за светското првенство дојде во вистински момент, да се проверат силите на оваа нова генерација ракометари.
Состав:
Голмани: Никола Митревски (Порто), Мартин Томовски (Лудвигсхафен), Никола Даниловски (Охрид)
Леви крила: Димитар Димитроски (Вардар), Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2)
Десни крила: Мартин Поповски (Амичитија Цирих), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер)
Леви бекови: Филип Талески (Вардар), Марко Мишевски (Вардар), Дарко Георгиевски (Анжер), Михајло Младеновиќ (Металург)
Централни бекови: Филип Кузмановски (Хановер), Марио Танкоски (Еурофарм Пелистер), Горан Крстевски (Фочани)
Десни бекови: Кирил Лазаров (Нант), Мартин Велковски (Еурофарм Пелистер), Мартин Серафимов (Металург)
Пивоти: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер), Жарко Пешевски (Штутгарт)
Средбата со Шведса започнува од 18 часот, пренос на МТВ со македонски коментатори од целиот Мундијал во Египет.
Comments are closed for this post.