Српскиот ракометен сојуз офицјално поднел барање до ИХФ, една од двете „вајлд-карти“ да им биде доделена за настап на Мундијалот во Египет следната година.

Србија како и Македонија не доби шанса преку баражот да се бори за настап на Мундијалот во Египет, сега бара покана од ИХФ да настапи на собирот на најдобрите селекции следната година.

Словенија и Србија требаше дасе борат во баражот но ЕХФ ги одложи сите мечеви поради пандемијата од Ковид-19.

ИХФ треба да додели две покани за Мундијалот во Египет следната година, Македонија е меѓу фаворитите за „вајлд-карта“ , но секоја национална селекција гледа шанса за настап преку покана од светската куќа на ракометот.