Шпанецот Тони Герона ќе биде нов селектор на Србија, јавуваат медиумите од оваа земја.
Герона е поранешен селектор на Тунис со кого стана првак на Африка, сега има за цел со Србија да настапи на следниот Мундијал во Египет 2021 година.
Србија аплицираше за „вајлд-карта“ и е еден од конкурентите на Македонија за една од двете покани за настап на Мундијалот во Египет.
Герона е еден од персепктивните тренери од Шпанија кој учеше во Барселона каде беше аситент-тренер од 2004 до 2008 година.
Штом условите го дозволат тоа, Герона ќе биде официјализиран за селектор на Србија во најкраток можен рок.
Comments are closed for this post.