Европскиот шампион, РК Вардар во наредниот период ќе се обиде да го доведе поранешниот српски репрезентативец Марко Вујин.

Новиот сопственик, Михајло Михајловски има големи амбиции со „црвено-црните“, а Вујин треба да биде замена за Криштопанс кој се пресели во редовите на ПСЖ.

„ Болна точка и место во тимот е десната бековска позиција. Мора да ја решиме на адекватен начин. Вујин би бил одлично решение“- стои во соопшението на клубот.

Вујин неодамна го напушти Спортинг Лисабон, а во кариерата со голем успех настапуваше во Кил, Веспрем, Дунафер и Синтелон. Со селекцијата на Србија го освои сребрениот медал на Европското првенство во Белград во 2012 година.