Еурофарм Работник, попладнево од 17 часот го пречекува Татран Прешов во натпревар од петото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Добра вест за Стевче Алушовски е фактот дека Невен Стјепановиќ е подготвен за настап и со него на десно бековската позиција домаќинот изгледа многу поопасно.

Во тимот не се Благојче Трајковски и Мартин Велковски. Еурофарм Работник против Татран Прешов брка втора победа во деби сезона во ЛШ.