Ракометарот на Металург 2, Никола Стоилевски  е ново засилување на Еурофарм Пелситер потврди клубот од Битола.

Тој доаѓа од Скопје каде за Металург 2 минатата сезона беше најдобар стрелец. Стоиловски има 21 година а со екипата од Битола потпиша 4 годишен договор.

„Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 денес го претстави своето најново засилување. Нов член на суперлигашот од Битола е десното крило Никола Стоилевски. Младиот Стоилевски доаѓа од екипата на Металург 2 од Скопје, има 21 години и беше најдобриот стрелец во екипата минатата сезона.Стоилевски се наметна во дресот на Бутел, беше еден од најзаслужните за промоцијата на клубот од Скопје во Суперлигата, а потоа една сезона го носеше дресот на Пелистер. Следеше едногодишно искуство во тимот на Металург 2, пред да дојде повторно понуда од Битола.Младото крило потпиша договор на четири години и дел е од плановите на битолскиот клуб и во иднина.“ – информираа од Еурофарм Пелистер.